Почетна / Серии / „Наркос“, познатата серија на Netflix стартува на Телма

„Наркос“, познатата серија на Netflix стартува на Телма

Понеделник, вторник и среда по 22 часот на Телма ќе се емитува популарната серија “Наркос” од американскиот ТВ сервис Нетфликс.

Раскажана е вистинската приказна за почетоците и растот на пазарот со кокаин на американскиот пазар. Се работи за животот на најпознатиот и најголемиот нарко дилер од Колумбија – Пабло Ескобар.

Во оваа егзотична и возбудлива адаптација за Пабло Ескобар ќе видите како кралот на дрогата се пресметувал со неистомислениците, политичарите и како си изградил сам сопствен затвор со казино, свои чувари, а власта морала сето тоа да го трпи и да го дозволи.

Целиот серијал го краси неверојатна изведба на бразилскиот актер Вагнер Мура, кој доста впечатливо го пренесува оригиналниот лик на Пабло Ескобар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По странските серии, Телма ги укина и документарните емисии

И додека регионот и светот емитуваат лиценцирани формати од квизови, талент шоуа и високобуџетни гејм …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!