Почетна / Сапуници / Наместо премиери, ТВ 24 се реши за репризи на руски серии

Наместо премиери, ТВ 24 се реши за репризи на руски серии

“Екатерина Велика”, раскошна и возбудлива серија на руската продукција за една од најзначајните жени во европската историја во 18. век. Премиерно емитувана на ТВ 24 пред неколку месеци во 22.30 часот, а сега повторно реприза и тоа во истиот термин.

Во средиштето на приказната е Софија Фредерика, ќерка на осиромашен пруски кнез чии родители се подготвуваат да ја пратат во Русија како би станала невеста во царскиот дворец, желба на тогашната Царица која сака да го ожени нејзиниот внук.


Така започнува авантурата на младата девојка, која доаѓа во Русија и во новиот дом ќе наиде на голем отпор откако станува сопруга на рускиот цар Петар Трети Романов.

Но, нејзиниот сопруг повеќе го интересираат воените игри отколку жените, па неговиот ладен однос и бес предизвикуваат осаменост кај невестата која започнува да тежнее кон моќ и власт во големото царство.

Девојката за да ги придобие сите во царството и особено нејзиниот маж, решава да го научи рускиот јазик, да ја прифати руската култура, да ја прифати православната вера и на тој начин да го промени името во Екатерина.


Од сиромашна и млада девојка полна со сила и соништа станува студена и безмилосна жена која ќе гази сè пред себе за да опстои во царството. Станува најголемата господарка во светот, станува жена која ќе ги освојува земјите и срцата, ќе ги гуши буните и ќе одржува врски со најистакнатите европски мислители.

На тој начин, таа ќе стане Екатерина Велика. Следува златното доба на руското царство, време на Екатерина Велика. Жена која станува царица и чија моќ ќе ги заситува машките апетити и ќе ги воведе најзначајните реформи во руската историја.​

Серија за гледачите желни за нешто спектакуларно и поинакво. Репризно на ТВ 24 во 22.30 часот, следете ја сагата за руската владетелка – Екатерина Втора.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската сапуница „Грешници” обновена и за следна сезона

Маратонската турска сапуница “Грешници” доби зелено светло за нова трета сезона. Хира и Орхун продолжуваат …

error: Содржината е заштитена!