Почетна / Серии / Најновата сезона на „Винкс клуб“ во викенд премиерите на Сител
Утринска викенд забава за најмладите

Најновата сезона на „Винкс клуб“ во викенд премиерите на Сител

Од овој викенд на Сител телевизија започнува најновата осма сезона од “Винкс клуб”, надсинхронизирана на македонски јазик. Новите епизоди ќе ги гледате секоја сабота и недела во утринскиот блок на цртани серии.

Во новата сезона се враќаат старите негативци, Валтор и злобната вештерка Трикс, но се појавуваат и нови унапредени трансформации на Сиреникс, Енчантикс и Кристал. Кога ѕвездите се под нова закана во магичната димензија, за клубот самовили на принцезата Блум не преостанува ништо друго, освен нови авантури за спас на ѕвездите.

Благодарение на кралицата Дорана, вашите Винкс девојки добиваат нова трансофмрација и се впуштаат во космичка авантура против непредвидливите сили кои го загрозуваат Универзумот.

Магепсникот Валтор стои зад сите лоши работи, а Блум, Стела, Флора, Техну, Мјузу се на чекор од нова опасна борба со стариот непријател Валтор, кој се враќа посилен од било кога.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициската серија „White collar“ секој работен ден на Нова С

Од 15 октомври во 20 часот на кабловската Нова С започнува нова американска возбудлива акција. …