Почетна / Телевизија / Најава за концертот на дуото Кировски во „Неделен магазин“

Најава за концертот на дуото Кировски во „Неделен магазин“

Оваа недела (23 декември) во 11.30 часот на МТВ 1 ќе се емитува предновогодишно издание на Неделниот магазин. Ели Танасковска ќе пречека познати анимирани ликови во своето студио со кои ќе зборува за детската предновогодишна радост и украсувањето на интересни декорации за овој период.

Неделен магазин, 23.12.18

НЕДЕЛЕН МАГАЗИН, недела во 11.30 часот на МТВ 1

Gepostet von МРТ1 Промо am Freitag, 21. Dezember 2018

Неделниот магазин на Прва ќе го најави и концертот на дуото Кировски. Во вторник (25 декември) со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи камерното дуо Кировски – Љубиша Кировски, виолина и Маја Шутевска – Кировска, пијано. Концертот е во рамките на циклусот Pro Musica, во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ и со него дуото Кировски ќе одбележи 25 години уметничка кариера и присуство на домашната и меѓународната музичка сцена. На програмата се дела од Јоханес Брамс, Астор Пјацола, Бела Барток, како и дело од македонската композиторка Бете Илин.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …