Почетна / Живот / Последна сезона на „MythBusters“ од 2 јули на Дискавери

Последна сезона на „MythBusters“ од 2 јули на Дискавери

 

Митбастерс – големо финале на Дискавери

 

Експертите за специјални ефекти Адам Савиџ и Џејми Хајнеман го спремија големото финале на „Растурачи на Митови“ (Митбастерс) на Дискавери каналот. За верните гледачи последен пат ја проверуваат вистинитоста на популарните митови и урбани легенди, и со помош на научни експерименти откриваат што е вистина, а што лага.

Адам и Џејми од гледачите и серијалот ќе се збогуваат на навистина интересни начини и со нивниот омилен тип на забава – уништување со експлозив, со два мита кои ја вклучуваат популарната серија Мекгајевр и лебдечки брод.

 


 

Се одлучуваат и на најголемиот експеримент во животот и ќе се обидат да уништат цистерна со помош на вакум. Исто така уништувањето на автомобили е една од најчестите теми низ целиот серијал, па тие ќе се обидат да уништат автомобили на начини кои досега ги немаат направено.

Финалната сезона на серијалот „Растурачи на митови“ ќе започне да се прикажува од 2 јули во 18:05 на Дискавери каналот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …