Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / МТВ 1 со куклената претстава за деца „Дванаесетте месеци“

МТВ 1 со куклената претстава за деца „Дванаесетте месеци“

Секоја недела во 12 часот напладне, МТВ 1 емитува детски претстави како забава за сите млади, кои во оваа вонредна ситуација, немаат можност да уживаат во театарската уметност. На 5 април, ќе се емитува “12-те месеци”, куклена претстава за словачка народна приказна, која е драматизирана од страна на режисерот Петар Пашов.

Маќеата и нејзината ќерка Галениче неправедно го тероризираат девојчето Сираче. Дванаесетте месеци се сожалуваат над судбината на Сирачето и со помош на своите натприродни моќи му помагаат да се избори за својата правда. Тројцата актери, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Драган Довлев, се чувствува дека уживаат додека ја играат претставата и во дејствието активно ги вклучуваат и децата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И во втората сезона на Канал 5 ќе се слабее со „Диетално Максимално“

Втора сезона на Диетално Максимално, од понеделник до петок во 16:30 часот на Канал 5 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!