Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / МРТВ ќе емитува скратени училишни часови на трите канала

МРТВ ќе емитува скратени училишни часови на трите канала

Основците и децата од претшколска возраст од понеделник (16 март 2020) ќе имаат можност да следат едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од наставните програми по кои тие во моментов се едуцираат во училиштата и градинките.

Одлуката за ваков алтернативен начин за едукацијата на децата следува откако привремено се затворија градинките, училиштата и факултетите како дел од мерките на Владата за заштита на јавното здравје поради ризикот од ширењето на коронавирусот.

„Почнувајќи од понеделник, на трите канали на МРТВ, во соодветни термини во текот на денот за кои јавноста ќе биде информирана во најкус можен рок, наставници од основните училишта ќе реализираат скратени училишни часови на сите јазици на кои наставата се организира во училиштата во земјата. Оваа неформална едукација преку таканаречена ТВ-училница ќе се реализира сѐ до повторното отворање на училиштата и градинките и нормално продолжување на формалниот воспитно-образовен процес на учениците и децата од претшколска возраст. Посебна работна група е задолжена и веќе го реализира планот за успешен почеток и тек на спроведување на иницијативата“,

пишува во соопштението од МОН од каде што апелираат до наставниците да покажат интерес и волонтерски да се приклучат во реализацијата на оваа иницијатива.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кристина Арнаудова на Телма со ТВ проект од хуманитарен карактер

Заедно можеме да направиме големи нешта, само ако сакаме. Tоа го докажа и Кристина Арнаудова …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!