Почетна / Забава / Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, британскиот Вог!

Во рубриката во која магазинот ја запознава својата милионска публика со профили на дизајнери вредни за светско внимание, со право се најде и профилот на нашиот луксузен моден бренд Елена Лука.

Откако ја презентираше својата колекција посветена на Њујорк и истата се промовраше токму во центарот на светските случувања, во елитната населба Сохо на Менхетен во концептуалната продавница „Dreems“, Елена Лука се повеќе го привлекува вниманието и на светските медиуми. Горди на својот успех во светски рамки, Елена Лука во друштво на уште неколку интернационално познати дизајнерски брендови, се најде на страниците на електронското и печатеното издание на модната библија.

Со ова исклучително значајно медиумско проследување, не само за Елена Лука туку и за комплетната домашна модна сцена, се потврдува влијанието на концептот „World of Elena Luka“, како проект на нашиот бренд чија што дестинација се главните светски модни метрополи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!