Почетна / Забава / Мини концерт на Џенан Лончаревиќ во Central park – Скопје

Мини концерт на Џенан Лончаревиќ во Central park – Скопје

Во сабота на 11 мај, во најдобриот летен клуб Централ Парк во Скопје, свој мини концерт ќе одржи српскиот пејач Џенан Лончаревиќ. Влезниците за концертот по цена од 250 денари, можете да ги обезбедите на влез, на 11 мај.

Откако пред два месеци, го освои второто место на Беовизија (српскиот избор на песна за Евровизија) со песната „Нема солзи“, српските дискотеки и сплавови се борат за термин во календарот на овој пејач, кој што и покрај сите животни предизвици, на секој настап се појавува со насмевка на лице. Песната „Нема созли“ инаку е песна посветена на сите мајки кои што испратиле свои синови во војна.

Скопје е секогаш моја многу драга локација. Секоја публика е одлична, но кај вас во Скопје има нешто поинакво. Ова не е мој прв концерт во Централ Парк, имаме ние убава историја. Ви ветувам супер журка и во сабота на 11 мај“ – вели Џенан Лончаревиќ.

До пред извесно време, Лончаревиќ направи пауза во својата кариера, поради здравствени причини. На еден од неговите претходни концерти, пејачот доживеал напад на бубрег, па овие здравстени проблеми на подолг временски период го врзале за кревет. Сега, со нова енергија и желба за добра летна забава, доаѓа во Скопје за да нѐ потсети зошто е еден од омилените ликови на богатата српска музичка сцена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Звуците на културата“ по вторпат во општина Ѓорче Петров

Од 20-22 септември во паркот во Ѓорче Петров, по вторпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците …