Почетна / МК Сцена / Фото | Мартинијан Кириловски со настап во австриска дискотека

Фото | Мартинијан Кириловски со настап во австриска дискотека

 

Нашиот млад пејач Мартинијан Кириловски деновиве престојуваше во Австрија, а поводот за тоа беше настап во популарната дискотека „Фокс“, во градот Линц.

 

 

– Во Линц настапивме по покана на господинот Венцо Делев кој е директор на тамошното македонско друштво. Поминавме феноменални моменти таму, посебно вечерта кога во дискотеката пеев за нашите Македонци што живеат во оваа држава. Срцето ми се наполни додека ги гледав како се радуваат на убавата македонска песна. Не пречекаа одлично, запознав многу нови пријатели и денеска од таму се враќам со прекрасни спомени, вели Мартинијан.

Мартинијан, кој регионалната публика го запозна преку учеството во „Ѕвездите на Гранд“, успешно продолжува со настапите во и надвор од Македонија, а на последниот во Линц, беше придружуван од момците од „Амеба бенд“.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара го изостави името на земјата : Честит празник, татковино моја!

Порталот Република пишува за честитката на поп пејачката Тодевска по повод денешниот празник – денот …