Почетна / Сапуници / „Малите сонца“ оваа есен на Сител – прва во редот на најдобрите

„Малите сонца“ оваа есен на Сител – прва во редот на најдобрите

Ѕвездите од познатите играни продукции овојпат во нова емотивна серија за љубов, скриени тајни и борба за спас на едно детство. Топла приказна за малите сонца кои ни ги греат срцата и заради кои вреди да живееме и да се жртвуваме.

Човек никогаш нема да знае, но можеби најголемиот подарок е болката што мисли дека не може да ја поднесе. Токму таа болка за младата Елиф ќе донесе нешто кое не го очекуваше, но желно го посакуваше.

Колку љубов може да се ткае во едно срце за да се собере сила која ќе ја совлада болката што не се совладува и никогаш не престанува да гори?

Каква мрежа од болка и немири ќе исплете судбинта за да ги вкрсти патиштата на двајца вљубени и едно дете со сонца во очите. Нивните патишта послани со рози и трња ќе се сретнат и никогаш повеќе нема да се разделат.

Прва во сезоната. Прва во редот на најдобрите. Мегахитот “Малите сонца” ексклузивно на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги …

error: Содржината е заштитена!