Почетна / МК Сцена / Само „Macedonian Idol“ може да ја спаси естрадата!

Само „Macedonian Idol“ може да ја спаси естрадата!

 

„Macedonian Idol“ е најгледаното македонско шоу на сите времиња! Воедно, Македонскиот Идол е единственото шоу кое може значајно да влијае на македонската естрада која веќе подолго време очајно бара спас.

 

 

Македонската телевизија неодамна соопшти дека ќе направи се за да ја заживее македонската музика, но нашата естрада не можат да ја поправат неколку песни. На Македонија и треба вистинско шоу, спектакл кој ќе им даде надеж на фирмите да инвестираат во македонските музички таленти. „Macedonian Idol“ не само што ги сруши рекордите на гледаност, туку ја заживеа и музиката во нашата земја. Се појавија нови квалитетни ликови кои продолжуваат да ја негуваат нашата традиција.

 

 

Нашата прекрасна Македонија има таленти со кои можеме да се гордееме, но потребни ни се вистински менаџери кои ќе успеат да ги пронајдат и соодветно промовираат. За жал, досега ниедна македонска телевизија не собра храброст за повторно да го врати Идолот. ТВ Пакет во продолжение преку видео ве потсетува како изгледа вистинско шоу, со надеж дека наскоро некоја од телевизиите сериозно ќе се одлучи да и помогне на македонската естрада.

 

 

 

 

Автор | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!