Почетна / Сапуници / Љубов, одмазда и семејни тајни во новата серија на Канал 5

Љубов, одмазда и семејни тајни во новата серија на Канал 5

Парс е млад човек кој пораснал во сиромаштија и беда во Адана. И покрај секојдневните тешкотии, тој верува во љубовта и сонува за заедничка иднина со својата сакана Ѓул.

Но, неговите соништа се рушат кога Ѓул, водена од желбата за богатство и подобар живот, го напушта токму во моментите кога му е најпотребна. Набргу потоа, животот на Парс добива неочекуван пресврт.

Тој дознава дека неговиот биолошки татко е господинот Алишан Акабеј, еден од најбогатите и највлијателните луѓе во Истанбул. Од сиромашно момче кое се бори за егзистенција, Парс одеднаш станува наследник на моќно семејство, во кое зад раскошот и богатството се кријат бројни тајни, ривалства и опасни интриги.

Неговото доаѓање во богатата вила на Акабејови во Истанбул предизвикува шок за сите членови на фамилијата. Додека Алишан се обидува да го прифати својот син и да му го обезбеди заслуженото место, неговата сопруга Селма гледа на Парс како на закана за иднината на своите деца.

Наледството на семејството е загрозено од дојденикот. Селма и децата нема лесно да го прифатат вонбрачното дете на Алишан и ќе сакаат со сите сили да го исфрлат од големата вила.

Во меѓувреме, семејството Акабеј решава да стави крај на крвната освета која се случува долго време меѓу нив и семејството Караџа. Единствен начин да се спречи крвта и убиствата е дете од семејството Алишан да влезе во договорен брак со една од ќерките на семејството Караџа.

Па така, судбината ги спојува Парс и Асја, скромната ќерка на Караџови. Потценувана и лишена од вистинска семејна љубов, таа копнее по живот во кој ќе биде почитувана и прифатена.

За Парс, кој сè уште ги носи раните од минатото, овој брак претставува обврска што не ја избрал од љубов. За Асја, пак, тој е надеж за нов почеток. Со текот на времето, нејзината искреност, добрина и пожртвуваност почнуваат да ги рушат ѕидовите што Парс ги изградил околу своето срце.

И токму кога меѓу нив почнува да се раѓаат вистински чувства, во животот на Парс повторно се појавува Ѓул.

Откако дознава дека момчето кое некогаш го напуштила сега е наследник на огромно богатство, таа е решена повторно да го освои. Нејзиното враќање носи нови лаги, љубомора и интриги, заканувајќи се да ја уништи кревката доверба меѓу Парс и Асја.

Најновата турска сапуница “Ружи” ќе ја следите во следните неколку месеци на програмата на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиера, репризи од турска серија за викенд навечер на Алфа

Во вечерните ударни термини, Алфа телевизија оваа сезона репризира турскa серија. Па така, секоја сабота …

error: Содржината е заштитена!