Почетна / Забава / Концерт на Зарина Првасевда во Офицерскиот дом во Битола

Концерт на Зарина Првасевда во Офицерскиот дом во Битола

На 17.12.2022 во 20 часот во Офицерскиот Дом во Битола, Зарина Првасевда ќе го оддржи својот концерт насловен како „ЕХО” – заедно со својот ансамбл.

Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани а отпеан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

Зарина Првасевда – “Да се пее во Битола пред битолчани е голема чест и задоволство, но се разбира и одговорност. Овојпат публиката ќе ја сретнеме во Офицерскиот дом во Битола, интимно и во ограничен број и за моја голема радост ќе ни биде блиску, сосема блиску, буквално ќе можеме да си го слушаме срцебиењето едни со други а тоа ќе ни биде ритамот кој ќе ни биде премин кон емотивното, таму каде не често имаме можност да се среќаваме.

Ќе биде вечер на променада на емоции, претпразнично честење на душата со музичка прошетка низ различни култури, меѓусебно пружање рака некаде низ звуците и простор за игра на детето во нас во меѓупросторите на корените и ширината на светот.”

Покрај песните од албумот “ЕХО” кој таа неодамна го издаде за издавачката куќа Кроација Рекордс, ќе се изведат и некои нови песни кои ќе бидат дел од нејзиниот нов албум.

Ансамбл:

– Ратко Даутовски – Перскусии
– Пенче Кралев – Бас
– Филип Димишковски – Клавијатури
– Благојче Трајковски – Кларинет
– Филип Михајловски – Канон
– Тони Арлан – Виолина

Концертот ќе биде камерен, а бројот на публиката е ограничен на 150.

Картите ќе бидат во продажба онлајн преку следниот линк
https://www.karti.com.mk/zarina-prvasevda-ansamblot-eho.nspx, или во Книжарница Литература на Широк Сокак и Тобако Brothers на Широк Сокак.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сè е подготвено за големиот концерт на „Ил Диво“ во Скопје

Веќе добро знаете дека интернационалната музичка светска атракција, „Ил Диво“, оваа година ќе ги одржи …

error: Содржината е заштитена!