Почетна / Серии / „Pasadena“, „Joan of Arcadia“ и „Mysterious ways“, отсега на Pickbox

„Pasadena“, „Joan of Arcadia“ и „Mysterious ways“, отсега на Pickbox

 

Три нови серии во програмската понуда на ПикБокс

 

Номинирана за Златен Глобус и 4 ЕМИ, серијата “Joan of Arcadia” веќе од 20 август може да се најде во програмската понуда на мрежата на Pickbox.

 

 

Серијата го следи животот на просечната 16-годишна девојка Џоен Џирарди која почнува чудно да се однесува кога во нејзина близина почнуваат да се појавуваат секакви личности кои се претставуваат како Бог и ѝ даваат разни упатства. Таа го крие тоа од родителите и од двајцата браќа од кои едниот е параплегичар. Преиспитувајќи сѐ, па и својот здрав разум, Џоен полека но внимателно почнува да ги следи таинствените упатства што ѝ ги дава Бог, обидувајќи се притоа нормално да продолжи да живее…

Покрај “Joan of Arcadia”, во понудата веќе може да се најде и ТВ серијата “Pasadena”, снимена минатата деценија. Diane Keaton ја режираше пилот епизодата и е еден од извршните продуценти на серијата. Во продолжение запознајте се со содржината.

 

 

Родена во истакнато семејство во Пасадена, Калифорнија, 15-годишната Лили Мекалистер живее прекрасен живот. Но, една ноќ, нејзиниот совршен живот се менува кога натрапникот Филип Паркер ѝ се заканува и потоа без објаснување пред неа си го одземе животот. Иако е вознемирена од тој настан, уште повеќе ја вознемирува заташкувањето на самоубиството од страна на нејзиното семејство. Со помош на новиот колега од училиште, Лили почнува да ги истражува животот на Паркер и таинствената смрт. Полека открива дека сите во нејзиното семејство имаат што да кријат…

Третата серија која од 20 август е достапна за ТВ публиката е “Mysterious ways”.

 

 

Комбинирајќи го натприродното со таинственото и со секакви други чуда, во оваа драма се здружуваат еден професор по антропологија и една жена психолог за да ги откријат и да се обидат да ги разберат необјаснивите феномени. Деклан е решителен професор кој првото искуство со чудата го доживеал додека бил заробен во лавина. Потоа станува опседнат со слични настани, а како секој научник тој е воден од желбата да го докаже и да го објасни нивното постоење. Пеги е психолог што им помага на други луѓе, но по смртта на нејзиниот млад сопруг е многу скептична кога се работи за чудата. Тие двајца работат заедно за да ги откријат тајните на светот што ни е познат и непознат…

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …