Почетна / Забава / Концерт на големиот балкански боем Шербеџија во Филхармонија

Концерт на големиот балкански боем Шербеџија во Филхармонија

Убедливо најголемиот боем од балканските простори, Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје, на 25-ти февруари. За да задоволството биде уште поголемо, концертот ќе биде во навистина незаменливиот амбиент на Македонската филхармонија.

Раде Шербеџија овој пат во Скопје доаѓа со концептот „Ti bi htjela pjesmom da ti kazem“, а ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Ne daj se Ines“, „Meni se dušo od tebi ne rastaje“, „Ćekaj me“, „Imam pjesmu za tebe“ и др.

Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб. Влезниците за концертот на Шербеџија се пуштени во продажба по цена од 1.500 денари и ограничен број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари и истите ќе бидат достапни за купување во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн.

Харизматичниот Раде доаѓа во Скопје- настан што дефинитивно не се пропушта!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авалон го носи Божо Вреќо на 23. февруари во Опера и Балет

Првиот проект во 2020 година доаѓа од балканските простори, а е навистина на светско ниво …

error: Содржината е заштитена!