Почетна / МК Сцена / Концерт на пијанистот Дино Имери на 1 јануари на ТВ 24

Концерт на пијанистот Дино Имери на 1 јануари на ТВ 24

Во големата сала на Македонската филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери одбележа значаен јубилеј – 10 години уметничка кариера. Специјални гости на концертот кој се одржа пред скоро два месеци беа Влатко Стефановски, Благој Нацоски, Камерниот оркестар на МММ и Дијана Имери Илкоска како диригент, Бојан Илкоски, Марија Јакимовска, Богдана Бушевска, Биљана Јосифов, Инес Неделковска, Ади Имери и Ивана Коцевска, а водител ќе биде Јана Серафимовска.

На концертот беа изведени дела од класичниот репертоар како Равел, Пјацола, Дворжак, Доплер, но и авторската композиција на Имери “Сон” напишана за Благој Нацоски, дело од Дамир Имери.

Концертот беше поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, а снимка ќе гледате на 1 јануари во 10 часот наутро на ТВ 24.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

error: Содржината е заштитена!