
По барање на голем број фанови, ве инфомираме каде можете повторно да ги погледнете епизодите од турската серија „Бурни времиња“ со тогашната перфектна надсинхронизација, која пред околу 15 години предизвика големо внимание кај македонската публика.

Серијата премиерно се емитуваше во Македонија на Сител телевизија, каде за кратко време стекна голема популарност и висока гледаност. Семејната приказна, драматичните пресврти и впечатливите ликови направија „Бурни времиња“ да стане една од турските серии по кои многу гледачи и денес го паметат тој период.

Посебни симпатии кај публиката предизвика малиот Осман, преку чиј лик и раскажување гледачите ја следеа приказната на семејството Акарсу. Неговите емотивни сцени останаа меѓу најпрепознатливите моменти од серијата.

Голем удел во начинот на кој македонската публика ги доживеа ликовите имаше и македонската натсинхронизација подготвена за тогашното емитување на Сител телевизија. Гласовите со кои публиката со години ги следеше Осман, Али, Џемиле и останатите ликови за многумина станаа неразделен дел од самите карактери и од споменот за серијата.

Големите глумачки имиња како Јелена Жугиќ, Драган Спасов Дац, Катерина Коцевска, Бранко Ѓорчев, Сашка Димитровска и многу други, направија да оваа серија стане вистински евергрин.

За сите кои сакаат повторно да се потсетат на приказната, како и за оние кои тогаш ја пропуштиле, епизодите емитувани со македонската натсинхронизација се достапни онлајн.

За многумина македонски гледачи, „Бурни времиња“ останува запаметена токму онака како што првпат ја запознаа и тоа преку ликовите, приказната и македонските гласови кои ги следеа од епизода во епизода. Ве потсетуваме буквално сите сезони и епизоди од серијата со одличната надсинхронизација на премиерното емитување, може да ги гледате ТУКА.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
