Почетна / Филм / ТВ премиера на филмот „Последниот Македонец“ на МТВ 1

ТВ премиера на филмот „Последниот Македонец“ на МТВ 1

 

Недела, 4 март, 21.15 часот – играно документарен филм

 

 

За историчарите она што се случило во 1913-та година е свршен факт. Заговор против постоењето на тогашна Македонија како самостојна држава и покрај надежите дека таа би можела да добие независност и пред Албанија; земја која според своите етно- граници не била помала ниту од Грција ниту од Србија.

 

 

Но, одлуката донесена во Букурешт со помош на Големите сили ја распарчува и како територија и како народ. Тие последици ќе останат и еден век потоа. Како независна држава создадена многу подоцна по Букурешт, Македонија се соочува со проблемот на: името, идентитетот, црквата, интеграциите.

 

 

Она што се случувало во 1913-та година има влијание и денеска. Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот договор, но, и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто братоубиството заради сојузништвото со Бугарите, Србите или Грците е правило, а не реткост во Македонија?

 

 

Постои ли воопшто некој кој е Македонец од Македонија? „Последниот Македонец- Патот до истребувањe“ дава многу одговори, но и наметнува дилеми кои инспирирани од содржината би можеле да се дискутираат во научните кругови на Балканот помеѓу балканските политичари, па и пошироко.

 

 

Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Лјутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли во филмот на Илија Пиперкоски, ексклузивно вечерва на првиот канал на МТВ во 21 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …