Почетна / Филм / Комедијата „The accidental husband“ со Ума Турман во недела на Телма

Комедијата „The accidental husband“ со Ума Турман во недела на Телма

Ема Лојд направи кариера од нејзиниот разумен, зрел и одговорен пристап кон врските. Таа има успешна радио емисија, потпишан договор за книга и љубовен однос со нејзиниот вереник Ричард, конвенционален тип, токму таков какви што ја привлекуваат Ема.

Меѓутоа, Ема дознава дека е мажена за човек што никогаш не го запознала, резултат на шега што тргна наопаку, и тоа ја остава вознемирена и многу збунета. Уште полошо, сега нејзините планови за иднината се загрозени. Со приближувањето на свадбата, Ема мора да го пронајде мистериозниот маж и да добие поништување на бракот. Ема го наоѓа својот „случаен сопруг“ Патрик – шармантен и убав пожарникар со голема тајна.

Не можејќи да ѝ признае што се случило, Патрик се преправа дека е исто толку збунет како Ема. Додека на почетокот нивните спротивставени пристапи кон животот доведуваат до напнатост и хаос, Ема наскоро почнува да се восхитува на неговата неуморна желба за живот и да се сомнева во нивната врска…

Романтична комедија на Телма во недела, 16 октомври во 19.45 часот. “Случаен сопруг” од 2008 година со Uma Thurman, Jeffrey Dean Morgan, Colin Firth, Isabella Rossellini и Sam Shepard во главните улоги.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!