Почетна / Сапуници / „Ќерката на амбасадорот“ во болница – запира ли снимањето на серијата?

„Ќерката на амбасадорот“ во болница – запира ли снимањето на серијата?

На Неслихан Атагул ѝ е дијагностициран сериозен здравствен проблем.

Турската актерка, која стекна слава со улогите во сериите „Кога лисјата паѓаат“ (А1), „Рането срце“ (Алфа) и „Кареасевда“ (Сител), страда од таканаречениот синдром на “нервозни црева”. Првиот симптом што и пречеше на убавицата и за кој побара лекарска помош беше опасно брзото слабеење.

Болеста на Неслихан и нејзиното лекување ќе бараат привремено прекинување на нејзините професионални активности. Веднаш по дијагнозата, Атагул зеде 10-дневно боледување и нема да глуми во драмата „Ќерката на амбасадорот“, која секоја вечер ја следите на Канал 5.

Сепак, актерката нема да ја напушти серијата. Сценариото ќе претрпи мали измени и само неколку епизоди нема да се појавува ќерката на амбасадорот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе победи ли љубовта во финалните епизоди на „Сафир“?

Последни мигови со вашите Фераје и Јаман. Додека Фераје се обидува да се одржи во …

error: Содржината е заштитена!