Почетна / МК Сцена / Видео | Инас и Таско запалија мерцедес од 12.000 € во „Балкан Банда“

Видео | Инас и Таско запалија мерцедес од 12.000 € во „Балкан Банда“

Нашиот Таско заедно со босанскиот артист Инас ја промовираа “Балкан Банда “. Ова е прва соработка на Таско со артист надвор од нашите граници.

Музиката е на Таско, текстот  на Таско и Инас, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот се на  Иван Јованов-Ивајо. Видео спотот е сниман во Сараево во продукција на “New Era Digital Studio”. Високобуџетен спот каде гледаме луксузни мерцедеси, часовници. Песната е издадена за босанската продукција “Империја”.

Седумнаесет годишниот Инас Арнаутович од Сараево, кој на музичката сцена се појави под уметничкото име ИНАС е во подем на босанската музичка сцена кој поприлично привлече внимание и ги освои симпатиите на љубителите на комерцијалната музика. Го викаат наследникот на Јала Брат, Буба Корели, Раста.. Е во роднинска врска со Буба Корели и е ексклузивец во една од најголемите продукции на балканот -“Империја”.

На Таско оваа му е уште една соработка, после претходната со Тракер за хитот “ Црна Мечка“, а од Урбан ни најавуваат уште многу други песни и соработки за оваа година..

Во продолжение погледнете го  видео спотот, кој за само неколку часа постигна висока позиција на трендингот на Јутуб во Македонија  и во Босна.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Погледнете го новиот музички спот на Пепа Димитрова

Пепа Димитрова го претстави видео записот за својата најнова песна “Студени очи”.  Комплетен автор на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!