Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / IDJ Show – регионалната потрага по таленти секоја сабота на Сител

IDJ Show – регионалната потрага по таленти секоја сабота на Сител

IDJ Show е српско музичко талент шоу чија нова сезона ќе ја гледаме секоја сабота навечер на ТВ Сител со репризно издание во понеделник веднаш по пладневните вести.

Се работи за прво регионално шоу фокусирано на нова урбана музика која е особено популарна на дигиталните медиуми и воедно каде се вложуваат милиони во развој на кариерата на 12 нови музички ѕвезди.

Учесниците во ова шоу развиваат и своја дигитална платформа, а со самото тоа добиваат можност од микро инфлуенсери да постанат големи ѕвезди на јавната музичка сцена.

Жирито и оваа сезона ќе го сочинуваат Реља Поповиќ, Наташа Беквалац и најголемиот хит-мејкер Дарко Димитров.

Од над 1.500 пријавени кандидати на аудициите, само 12 од нив ќе добијат шанса да станат ѕвезди. По аудициите и првата студиска епизода, започнува натпреварувачкиот дел, односно епизоди од по 90 минути, со 12 фаворити и потенцијални ѕвезди. По секоја епизода и изведба, учесниците ќе добиваат поени од тренерите, но и од публиката со нивните кликови, лајкови, споделувања и прегледи.

Популарноста на социјалните мрежи е она што ќе ги држи натпреварувачите во или надвор од играта. Кандидатите ги добиваат и своите профили на тековните социјални мрежи со нула следбеници и го избираат својот прекар @idj со кој ќе ја започнат својата кариера.

Оваа сезона на Сител – шоу за нови регионални ѕвезди за нова модерна музика.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Motocast” на Канал 5 ги оживува приказните за моторџиите

Секоја среда по 23 часот, нов подкаст на Канал 5. MOTOCAST е подкаст посветен на …

error: Содржината е заштитена!