Почетна / Забава / Евровизија / И Азербејџан по пример на многу други, не се враќа на детската Евровизија

И Азербејџан по пример на многу други, не се враќа на детската Евровизија

Националниот сервис на Азербејџан İTV потврди за дека Азербејџан нема да учествува на Детската Евровизија 2024 година во Мадрид, Шпанија.
Азербејџанскиот јавен радиодифузер потврди дека радиодифузерот нема да учествува на Детската Евровизија 2024 година.

Во изјава за 12Xal, делегацијата ги објасни причините поради кои не се натпреварува во Мадрид овој ноември:
-Незаинтересираност за Детската Евровизија
-Трошоци за учество на натпреварот
-Оценките на гледачите беа пониски од потребните за да се оправда учеството
Азербејџан последен пат учествуваше на Детската Евровизија во 2021 година кога Сона Азизова заврши на 5-то место.
Овие причини за неучество важат и во Македонија, но сепак МРТ учествува на детската Евровизија секоја година, но затоа па две години по ред не учествува на главната Евровизија во мај.

Некои држави како Црна Гора по две години пауза решија да се вратат на главната Евровизија, а да не учествуваат на детската меѓу кои и Србија наведувајќи ги скоро истите причини како и Азербејџан.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега 15 европски земји го потврдија учеството на Евровизија 2026

Неполн месец по победата на JJ со Waisted love, Австрија по трет пат ќе биде …

error: Содржината е заштитена!