Почетна / Филм / „Хомо“ на Интернационалниот филмски фестивал во Софија

„Хомо“ на Интернационалниот филмски фестивал во Софија

По 51. ИФФИ Гоа во Индија, Интернационалниот филмски фестивал во Софија го селектираше дологметражниот игран филм „Хомо“ на Игор Иванов во натпреварувачката програма „Балканска компетиција“ на своето 25-то издание, кое е во тек и ќе трае до 31-ви март.

Премиерната проекција на филмот „Хомо“ е закажана за 14 март во Кино Одеон во 20.30 часот, а филмот ќе биде прикажан и на 24 март во Дом на Киното во 16 часот.

“Хомо“ е снимен по сценарио на Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Продуцент е Томи Салковски, Маја Радошевиќ – кинематографер, Кирил Спасески – сценограф, шминка и фризура – Аленка Нахтигал, костимограф Полонца Валентинчиќ, Мaртин Иванов – монтажа, дизајн на звук – Борис Трајанов, автор на музиката е Зоран Спасовски, а во филмот провејуваат и песните на Љупчо Константинов – „Еј ти, момче мадо“ и преработка на „Лиду ду“ од Григор Копров и Владимир Дојчиновски во изведба на Дани Димитровска.

Улогите ги толкуваат актерите Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски, Себастијан Каваца, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.

„Хомо“ е копродукциска соработка на Скопје Филм Студио со: Арт енд попкорн од Србија, Гала Филм од Бугарија, Триггер од Косово и Иридиум Филм од Словенија. Филмот е поддржан од: Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Националниот бугарски филмски центар, Косовскиот кинематографски центар и Словенечкиот филмски центар.

Софискиот фестивал е признаен како еден од најзначајните во Централна и Источна Европа, категоризиран од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти ФИАПФ, вбројан помеѓу 50-те годишни настани во светот кои не смее да се пропуштат и во календарот на Меѓународната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Годинава, поради пандемијата, фестивалската програма ќе биде прикажана преку онлајн и физички проекции, согласно со мерките за спречување на ширење на вирусот.

Филмот „Хомо“ е на мартовскиот репертоар на Кинотека на Македонија, со проекции на 20, 23 и 25 март во 19 часот и на 27-ми март во 17 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„On chesil beach“, „The bra“ и „Juliet naked“ во филмските премиери на Телма

САБОТА  27.02.2021 07:00 Teлма клуб – забавна емисија(р) 07:45 Телма клуб – продолжува 08:25 Метео …

error: Содржината е заштитена!