Почетна / Филм / Холивудските ѕвезди на 1 јануари на МРТ 1 во „Last Vegas“ и „Blind“

Холивудските ѕвезди на 1 јануари на МРТ 1 во „Last Vegas“ и „Blind“

Никогаш не е доцна за најдобрата животна забава!

Мајкл Даглас, Роберт де Ниро, Морган Фримен и Кевин Клајн глумат долгогодишни пријатели кои одлучуваат да престанат да се однесуваат во склад со своите години и повторно да ги проживеат своите славни денови кога заколнатиот ерген од нивното друштво и предлага брак на својата девојка, која е два пати помлада од него.

Четворката набрзо сфаќа дека изминатите децении измениле се: градот на гревот пораснал, а нивното пријателство е на тест на начин на кој не ни замислувале. 1 јануари, недела, 20.15 часот на првиот канал на МТВ следете ја американската комедија за “Легендите во Вегас”, а веднаш потоа во 22 часот не го менувајте каналот затоа што следува премиерно американската драма “Слепило”.

Бил (Алек Болдвин) е писател кој го губи видот во сообраќајна несреќа во која, пак, загинува неговата сопруга.

Тој повторно ја открива страста кон животот и пишувањето кога се впушта во врска со Сузан (Деми Мур), занемерена жена на бизнисмен обвинет на инсајдерска трговија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!