Почетна / Забава / Голем интерес за „Фрајле” – закажан и втор концерт во Скопје

Голем интерес за „Фрајле” – закажан и втор концерт во Скопје

После неверојатно брзо распродадениот прв концерт на женското трио ,,Фрајле” во Скопје, во склоп на нивната балканска турнеја „Moje duše duša”, закажан е и втор концерт во ,,Македонска Филхармонија”, објавија организаторите.

Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, а сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, ќе имаат можност тоа да го направат на 15-ти март.

Оние кои барем еднаш присуствувале на нивен концерт, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува. Овие три вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле” се исклучителни и во обработките.

Концертите на „Фрајле” предизвикаа огромен интерес кај македонската публика и токму поради тоа закажани се концерти и во Битола на 13-ти март во „Центар за култура”, како и во Струмица на 17-ти март во „Дом на култура”.

Влезниците се веќе пуштени во продажба  и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александра Радовиќ на 6-ти април во „Македонска филхармонија”

Маестралната Александра Радовиќ на 6-ти април доаѓа во Скопје, каде што ќе одржи ексклузивен концерт …

error: Содржината е заштитена!