Почетна / Серии / Фото | Смртта на Метју Пери ја помрачи куќата во која живеел

Фото | Смртта на Метју Пери ја помрачи куќата во која живеел

Како што веќе објавивме, Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“ (Friends), е пронајден мртов во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес, објави ТМЗ.

Метју Пери тоа утро вежбал два часа, а потоа го испратил својот асистент во набавка. Кога асистентот се вратил два часа подоцна, го нашол Пери без свест и веднаш повикал полиција и итна помош. Сепак, лекарите биле немоќни да го спасат.

Полициски извори на ТМЗ велат дека Пери најверојатно се удавил, но понатамошната истрага ќе покаже под кои околности тоа се случило.Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Во близина на телото не биле пронајдени наркотици и засега се верува дека смртта не била насилна.
Пред домот на починатиот актер се забележани неговиот татко и полицијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската крими серија „Пет” репризно на Телма во 23:30 часот

Пет млади жени се протагонистки на оваа серија со„Пет” криминален заговор. По многу години, сплет …

error: Содржината е заштитена!