Почетна / МК Сцена / Фото | Македонците низ светот ја негуваат македонската песна

Фото | Македонците низ светот ја негуваат македонската песна

Браќата Влатко и Златко Миладиновски, заедно со нивниот братучед, Дамјан Стојаноски, синот на Војо Стојаноски, беа на турнеја низ Австралија, која што беше најавена уште минатата година.

Сиднеј, Камбера, Перт, се само дел од градовите каде се одржуваа концерти, за кои не само организаторите, туку и публиката по социјалните мрежи коментираше дека се едни од најпосетените изминативе неколку години од било кој друг македонски пејач или група што настапува надвор од нашата земја.

  • Навистина радува фактот што за првично закажаните концерти се бараше карта повеќе, па затоа се закажуваат и дополнителни концерти. Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна, ги негуваат не само евергрините, туку и новокомпонираните песни, вели Влатко.

Ова не е единствена турнеја на Влатко периодов. За потсетување, пред Австралија, тој одржа концерти во Швајцарија, Грција, Канада, Холандија, а го очекуваат уште гостувања периодов во многу земји каде живеат Македонци.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Ќе те сакам“, нова песна со спот на „Либеро бенд“

Интересен  проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. …