Почетна / Забава / Филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент

Филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент

Македонската филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел, којашто започна минатата концертна сезона. Маестро Шаровски оваа недела е во Скопје, со цел да оствари средби со музичарите и Уметничкиот одбор, како би се докомплетирала годишната програма, поточно концертните настани за оваа и за наредната сезона, настани со кои најстарата национална музичка институција го слави големиот јубилеј – 80 години од постоењето.
На денешниот состанок присуствуваа членовите на Уметничкиот одбор во чии редови се и дел од музичарите од оркестарот: Анна Кондратенко, концертмајстор, Владимир Лазаревски, прва обоа, Бојан Талевски, прва виола, Маја Чанаќевиќ, англиски рог, Дејан Теодосиевски, виолончело и шеф на оркестар, како и продуцентките Симона Гајдоска и Тина Иванова и в.д. директорката Ангелина Димоска-Миташева.

На првата работна средба во оваа седмица, се донесоа значајни решенија за растежот на Македонската филхармонија особено во годината кога одбележува осум децении постоење. Но, секако и одлуки за квалитативен и уметнички прогрес, за нови и продуктивни начини на работа со кои не само што ќе се потврди огромната улога на Македонската филхармонија во земјава, туку и ќе се реализираат настани кои ќе претстават висока репутација.
Маестро Јерухам Шаровски е долгогодишен пријател на Македонската филхармонија, долгогодишен соработник, диригент, но и уметнички консултант, а сега и во наредните две години, како шеф-диригент ќе се заложи за побогати содржини кои ќе значат многу не само за институцијата, туку и воопшто за целокупната музичка култура во земјата.
Нашиот шеф-диригент Шаровски, ќе настапи како диригент на 23 мај, на свеченото официјално затворање на годинешната концертна сезона, и потоа на 10 октомври, на свеченото отворање на новата концертна сезона, кога практично ќе се даде силен акцент на 80-годишниот јубилеј.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартин 99: Пред да се оженам еден телефон швалерски, друг за работа

Во најновата епизода на подкастот „Искрено со Ивана И Адријана”, девојките седнаа со Мартин Трпчевски …

error: Содржината е заштитена!