Почетна / Спорт / Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот за трофејот на Вимблдон – ексклузивно на 1 ТВ !

Денеска, 14 јули со почеток во 15 часот следува финалето во машка конкуренција на престижниот тениски турнир “Вимблдон”. Федерер против Џоковиќ! Швајцарија контра Србија.

Роџер Федерер неодамна повтори дека Рафаел Надал е неговиот најсериозен ривал, велејќи дека најмногу сака да игра со него, а и најмногу стравува од таквите дуели. Ако првата констатација е точна, многумина сепак би се обложиле дека најмногу стравува од Новак Ѓоковиќ, неговиот противник во денешното финале на Вимблдон.

37-годишниот Швајцарец имаше фантастична партија против Надал во полуфиналето, но да го победи 32-годишниот актуелен шампион Ѓоковиќ ќе треба да направи нешто посебно, бидејќи последен пат го направи тоа во далечната 2015 година. Србинот во меѓусебните дуели води со 25-22 во победи, на трева е 2-1 а на Грандслем турнирите Ѓоковиќ води со 9-6.

Федерер е најстариот финалист на Вимблдон, а повеќе грандслем финалиња во историјата на тенисот од него имаат само три жени, Крис Еверт (34), Серена Вилијамс (32) и Мартина Навратилова (32).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Познатите Македонци со поддршка за ракометарките

Оние кои гордо го виореле македонското знаме на големи настани, знаат колку тежи црвено-жолтата чест. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!