Почетна / Сапуници / Фазилет, Лејла и Појраз во турската драма „Беден живот“ на Канал 5

Фазилет, Лејла и Појраз во турската драма „Беден живот“ на Канал 5

Од понеделник до петок на Канал 5 во 17 часот се емитува турската драма “Беден живот”, снимена пред десет години.

Серија за семејството Топташ, чии животи се менуваат драматично се менува кога главата на семејството умира. Мерием останува самохрана мајка на 6-те деца која го жртвува сопствениот живот за доброто на своето семејство.

Исмаил е најстариот син од семејството кој има 25 години и живее во Истанбул речиси 2 години. Тој се навикнува да живее во Истанбул, сам одвоено од семејството. Ирфан е вториот син во семејството кој има 23 години.

Лесноверен, невнимателен и има за цел да биде успешен фудбалер. Тој играл фудбал во локална екипа во Трабзон и сонува да биде дел од голем фудбалски тим. Кадир е третиот син во семејството кој има 22 години, вреден, зрел и одговорен. Сехер е единствената ќерка од семејството која има 18 години и која добива право да стане дел од универзитетот во Истанбул.

16 годишниот Садик не сака да оди во училиште и сака да слуша музика, а Хакан е најмладиот син од семејството кој има 8 години и оди во основно училиште. По смртта на таткото, семејството одлучува да замине за Истанбул каде се вселуваат во еден сиромашен кварт и беден стан.


Животот во овој голем град е и тежок и скап. Кадир почнува да работи во хемиско чистење за да го издржува семејството. Тој ја запознава Зехра која живее во истата зграда.

Ирфан продолжува да се однесува неодговорно и сака да ги следи своите соништа. Почнува да развива некои чувства кон младата жена Ајсел која работи како проститутка. Тој успева да го покаже својот талент на еден од познатите фудбалски клубови со помош на Ајсел, но љубовта кон девојката ќе го скара со неговиот брат.

Ќе може ли тие да преживеат во Истанбул и да се навикнат на новиот начин? За мајката, децата и свекорот доаѓаат тешки времиња затоа што бедниот живот кој ќе мора да го живеат носи големи трагедии кои допрва ќе ги отсликаат нивните судбини.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!