Почетна / Сапуници / Епската сторија за една далечна и „Горка земја“ стартува на Сител

Епската сторија за една далечна и „Горка земја“ стартува на Сител

Си беше еднаш една несреќна љубов,
си беше еднаш таа љубов, погазена за чест и долг.
Си беше еднаш една далечна земја која требаше да стане спас за таа љубов,
си беше еднаш таа горка земја, која наместо спас…
… донесе уште поголема горчина во вкусот на бескрајната љубов.

Од вечерва, ексклузивно на Сител – стартува најновата играна продукција, правена по теркот на епските спектакли “Бурни времиња”, “Имотот на дамата” и “Далеку од дома”. Познатите актери од турските серии во нова живописна драма за едно дамнешно време и едно дамнешно место.

Нова турска надсинхронизирана серија родена во безмислосната прашина на големиот град и пренесена онаму каде наместо розите да цветаат… тие уште повеќе ќе бодат.

На тлото на горката земја продолжува авантурата на младите љубовници, низ која ќе следиме борба за опстанок и желба само за подобро утре. Следете ја “Горка Земја”, ексклузивно секоја вечер на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

error: Содржината е заштитена!