Почетна / Серии / Телма со реприза на романтичната драма „Судијката од Седар Ков“

Телма со реприза на романтичната драма „Судијката од Седар Ков“

 

Реприза на ТВ серијата “Седар Ков” на Телма

 

“Судијката од Седар Кoв” е романтична драма во 36 продолженија, која се емитуваше на Телма, а од минатата седмица, се емитува повторно репризно во попладневните термини околу 13.30 – 14.30 часот. Базирана е на бестселер на Деби Мекомбер. Во улогата на судијката ја гледавме Енди Мекдауел, а во продолжение потсетете се на содржината :

 

 

Содржина:

Дејството се случува во едно мало, преубаво приморско место кое се вика Седар Кoв и се наоѓа во северниот дел на Америка, а е познато по своите преубави пејсажи. Во тоа местенце живее судијката Оливија Локарт, која е судијка на сите граѓани на Седар Кoв, затоа што целиот живот, и денот и ноќта, ги поминува решавајќи ги проблемите на граѓаните. Некогаш нејзините случаи се спорови меѓу нејзините соседи, но често и граѓански парници, па така покрај правничкото знаење, таа успева целосно да ги разбере ситуациите и луѓето кои доаѓаат по правда.

 

 

Од друга страна, новинарот Џек Грифин ги истражува и пишува за пулсот и проблемите на народот, па така тие проблеми ќе го доведат до Оливија со која ќе започне љубовна врска. Но, на патот на нивната среќа ќе се испречат нивните деца, и тоа ќерката на Оливија – Џастин и синот на Џек – Ерик. Тука е и нејзината напорна мајка Шарлот и нејзиниот бивш маж, кој не останува мирен и сака да си ја поврати љубовта на сопругата. Многу приватни и многу деловни проблеми ќе ја засегаат судијката од Седар Кoв. Таа ќе мора да балансира помеѓу кариерата, семејството, љубовта и најважно од се’, да работи за граѓаните да можат да живеат во мирот и спокојот кој секогаш го имале. 

 

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатите „Чувари на плажата“ од 90-тите се враќаат на Телма

Од понеделник до петок на Телма телевизија во 17.30 часот ќе се емитува популарната американска …