Почетна / Сапуници / Добрината носи ново „Неверство“ – ексклузивно на Сител

Добрината носи ново „Неверство“ – ексклузивно на Сител

Нова хит серија “Неверство” ексклузивно на Сител. Моќна приказна за една храбра жена ве очекува секоја вечер во добропознатиот вечерен термин на Сител во 21.20 часот. Серијата за Асија, една вистинска дама, пред која и мажите и жените ќе се поклонат.

Приказна за една храбра девојка која почувствува предавство и намириса неверство, свесна за она што го поседува и желна за тоа што треба да ѝ припадне.

Изневерената не сака и нема да стане жртва на тоа неверство затоа што одмаздата на оваа жена ќе биде посилна од било што друго.

Одмазда кон сите оние кои ја предадоа, одмазда кон човекот што се колне дека ја сака и пријателите кои свесно ја гледаа во очи и бесрамно ја лажеа. Разочарувањето станува поголемо од задоволството, а среќата за миг се претвора во гнев, омраза и порив за најтешката борба што ѝ претстои.

Бидете со Сител затоа што од понеделник до петок следува нова извонредна драма. “Неверство” на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги …

error: Содржината е заштитена!