Длабоко под ледената покривка на Антарктикот лежат остатоци од изгубениот свет на диносаурусите и другите предисториски животни. Овој заледен континент некогаш го прекривале огромни шуми. Џиновските титаносауриси талкале по антарктичките долини, а протоцицачите се криеле помеѓу бујната вегетација.
Тоа било и живеалиште на наголемиот месојад во тоа време-антарктичкиот тираносаурус. Во серијата „Древна Земја, диносаурусите од смрзнатиот континент“, ќе се запознаеме и со научниците од најновата експедиција на Антарктикот кои се обидуваат да ги откријат скриените тајни на смрзнатиот континент.
Секоја сабота во 16 часот на МРТ 1 – документарецот “Древна земја, диносаурусите од смрзнатиот континент”.
Дани | ТВ Пакет