Почетна / Забава / Deeper underground festival наместо во Охрид, ќе се одржи во Скопје

Deeper underground festival наместо во Охрид, ќе се одржи во Скопје

Историски тешки времиња бараат историски напори, па затоа и Авалон се надева дека новата одлука ќе резултира со навистина историски успешен настан во ова неверојатно тешко време.

Од логистички причини: избегнување на гужви, паркинг и можност за 100% спроведување на протоколите, Авалон Продукција заедно со менаџментот и артистите на фестивалот, одлучи Скопје да биде домаќин на првото издание на DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL кој ќе се одржи на просторот на А1 арената на отворено.

– Наместо тридневен фестивал, ќе имаме настан што ќе трае два дена од следнава причина. Имено, поради редуцираните авионски линии за Македонија и околината, како и моменталната состојба со Корона вирусот во нивната држава, Италија, не сме во можност да обезбедиме 100 % сигурен транспорт за него и поради тоа, доаѓањето на Meduza во Македонија ќе остане за некоја друга и подобра прилика.

Од друга страна, пионерите на dnb сцената кои за прв пат во Македонија ќе имаат b2b настап RONI SIZE & LTJ BUKEM со Dynamite MC настапуваат на 15-ти август, а нивното доаѓање е сигурно и доаѓаат од Лондон.

Исто така, задоволство ни е да ви најавиме дека и доаѓањето на ARTBAT е 100% сигурно бидејќи тие во Скопје доаѓаат од Миконос, каде што имаат настапи во претходните денови пред 15-ти август.
ARTBAT е едно од најактуелните и најбарани електронски состави моментално на светската музичка сцена, а интересот за нивниот настап во Скопје е навистина огромен, што е дополнителен показател за нивната огромна популарност покрај квалитетот кој го поседуваат.

Потенцираме дека во продажба се само 3.000 влезници по вечер, а согласно протоколите за превенција од Ковид 19, капацитетот на просторот кај А1 Арената за овој настан ќе биде адаптиран на 20% од вкупниот кој е за 15.000 посетители. – известуваат од Авалон продукција.

Цената на дневните билети останува иста- 1.200 денари, а сега блок влезницата за двата фестивалски дена изнесува 1.500 денари и истите може се набават онлајн на avalon.mk, Avalon music & ticket store и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.
Оние што имаат купено влезници само за MEDUZA и не сакаат да присуствуваат на Deeper underground festival, средствата ќе може да ги рефундираат од оние продажни места од каде што ги имаат купено билетите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!