Почетна / Живот / Д-р Васко Шутаров: „Кога татковината станува чедо, а вистината – борба!“

Д-р Васко Шутаров: „Кога татковината станува чедо, а вистината – борба!“

Современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров минатата седмица објави нова збирка колумни и есеи со наслов „Кога татковината станува чедо, а вистината-борба!“ кај издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје.

Рецензентот и промотор на ова издание, Елка Јачева Улчар, препорачувајќи ги колумните на Шутаров, во предговорот кон оваа книга истакна дека за неа „нај­важ­на и обединувачка нишка со Васко е патриотизмот, оној што таа го нарекува здрав патриотизам, фундиран на: знаењето и са­ка­ње­то на својата култура, историја, јазик, од една страна, но и врз са­мо­почитта која ако ја немаш, не може да продуцира почит спрема дру­гиот; […] оној па­три­о­ти­зам што најдобро го имаше дефинирано Кенеди пред повеќе од шест децении: не прашувај што ќе ти даде тебе Татковината, пред да се прашаш што ќе ѝ дадеш ти на Татковината!

“Колумните и есеите на Васко,“ вели Јачева Улчар, иако пишувани за ак­ту­елни проблеми, имаат во себе една поучна димензија ис­ка­жана на негов препознатлив начин, која сигурно ќе допре до чи­та­телската македонска публика. И ќе бидат, сигурно, интелектуална чашка пијалак која вистински ќе ни треба во ова наше македонско време-невреме!

Книгата е делумно спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ во центарот на Скопје и на порталот kupikniga.mk.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синергија на контрасти низ ретроспективата на Јана Манева-Чупоска

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје, од 3 ноември ќе биде отворена ретроспективната изложба на …

error: Содржината е заштитена!