Вечерва во четвртото live издание на „Х Фактор“ гледачите ги очекуваат многу изненадувања. Како специјален гостин ќе се појави хрватската пејачка Јелена Розга и ќе се претстави со спектакуларен настап во ревијалниот дел, покрај неа ќе ја видиме и Дорис Драговиќ.

Нашиот Даниел Кајмакоски вечерва ќе го отпее големиот хит „Counting stars“ од One Republic, а познато е и дека Маид Хеќимовиќ ќе се претстави со емотивна балада од групата Тути фрути. Што ќе пеат останатите учесници во шоуто ќе дознаеме вечерва во 21:00 или веднаш по „Судбината на Фатмаѓул“ на Сител телевизија.

Не пропуштајте ја четвртата гала вечер и коментирајте на социјалните мрежи на хаштаг #ХФактор и #XFactorAdria.
| ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
