Почетна / Филм / Бидете и вие дел од авантурата за „Човекот кој го уби дон Кихот“

Бидете и вие дел од авантурата за „Човекот кој го уби дон Кихот“

“The man who killed Don Quixote” е филм на Тери Гилијам, и е реализиран според романот на Мигел Де Сервантес, Дон Кихот. Овој филм помеѓу јавноста е познат како проколнат проект бидејќи Гилијам пробувал осум пати да го сними овој филм во последните 19 години и сега конечно успева да го реализира.

Филмот ја следи приказната на Тоби (Adam Driver), циничен и доста вообразен режисер кој се прославил со дебитантскиот уметнички филм снимен во Шпанија. Неколку години после тој филм, тој прави спот, не толку далеку од истата локација каде што го снимал својот филм. Тој во меѓувреме одлучува да го посети повторно тоа село, а тогаш дознава дека неговиот филм многу влијаел на животот на дел од тамошните жители. Тоа најмногу се однесува на Хавиер Санчез (Jonathan Pryce), стариот чевлар, кој моментално живее во заблуда дека тој е вистинскиот Дон Кихот додека пак Тоби го гледа како да е неговиот верен придружник Санчо Панса.

Многумина со нетрпение го чекаа ова остварување на режисерот Тери Гилијам а со самото тоа и многумина имаа многу големи очекувања.  За филмот може да се каже дека на моменти изгледа малку збркан, но воедно во него владее една магична енергија.  Ликовите се од вистинско крв и месо, но нивните размислувања се од друга димензија.

Во однос на музиката може да кажеме дека навистина добро си се вклопува во самите сцени, а и од монтажерски аспект е солидно спакуван целиот филм.

Елементот на гротеска се вистински украси на приказната која воглавно се наоѓа во реалниот свет. Додека верувањата на Хавиер се толку заразни па на моменти Тоби почнува да верува во неговите фантазии. Како што полека започнува да се повлекува реалниот свет, ние влегуваме во бурната фантазија на Тери која на моменти е премногу сериозна, а на моменти екстремно детска.

За повеќе, прочитајте на Филмска анализа.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни филмови за викенд на Алфа, на ред се „Hunted“ и “Damage”

Ако од понеделник до петок по централните вести следите политички дебати на Алфа, за време …

error: Содржината е заштитена!