Почетна / Сапуници / Нов термин за нови ликови во „Најдобрите години“ на Телма

Нов термин за нови ликови во „Најдобрите години“ на Телма

Телма телевизија продолжува со емитување на хрватската драмска серија “Најдобрите години”, од понеделник до петок во 16.15 часот, со реприза наредниот ден во 13 часот. Втората сезона продолжува таму каде што работите завршја во првата. Лорена се омажи и со својот избраник уживаат во медениот месец крај брегот на Јадранот, трошејќи дел од наследството.

Во селото, пак, локалните жители се вознемирени од доаѓањето на семејството Гајс од Загреб. Далеку од луксузниот живот на кој навикнала, госпоѓата Сузана Гајс станува кошмар за многумина. Моќна, амбициозна и бескруполозна жена која се преселува во селото заедно со двете ќерки близначки Тена и Лена, и мајка си Споменка. Таа ќе стане нова општинска началничка и ќе се обиде да внесе големи промени кои нема да бидат лесно прифатени од селаните.

Селото станува побогато и за уште еден член. Виолета е жената која ќе ја доведе Џука и ќе ја претстави како своја сопруга. Но, нејзините мотиви се сосема различни. Таа е опседната од вонземјани и смета дека Драгошје е местото каде конечно ќе се случи доаѓањето на марсовците.

Во селото доаѓаат и убавата Дуња со братот Горан, кои бегаат од босанскиот локален насилник Дино, чија единствена цел е да ја направи Дуња својата жена. Тука, таа ќе се заљуби во Ранко, но дали опасниот Дино ќе дозволи неговата сакана да биде со друг маж?

Драгошје и во новите епизоди станува мета на политички интриги, подметнувања и судири на моќници. Селското опкружување станува место во кое ќе се родат нови љубови, но ќе се пробудат и некои стари. “Најдобрите години”, хрватската маратонска теленовела од понеделник до петок премиерно на Телма со нова, втора сезона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За фановите на „Млади бунтовници“ и „Ангели“, доаѓа нова хит серија

Со големо задоволство и носталгија се сеќавате на времето поминато со вашите незаборавни “Млади бунтовници”? …

error: Содржината е заштитена!