Почетна / Сапуници / Фото | Бидете гости на најголемата свадба што ви ја приредува Сител

Фото | Бидете гости на најголемата свадба што ви ја приредува Сител

Свадбените ѕвона ќе затропаат оваа седмица во вашите домови и тоа токму преку хит серијата на Сител, “Девојката од прозорецот”.

Мигот кој се чини дека ќе ја отвори портата од розовата бајка на нашата принцеза, станува миг што ќе донесе пресврт во нејзината судбина и ќе ја разбранува кревката душа.

Ќе биде ли сѐ онака како што замислува Налан или бракот ќе стане нејзиниот најголем кошмар?

Сонот кој го сонуваше целиот свој живот е на чекор да се оствари, но истиот тој сон ќе го скрши стакленото ѕвоно во кое растеше и ќе го подели на мали парченца кои ќе биде тешко повторно да се соединат.

Една голема тајна е на чекор да се открие на големата свадба која доаѓа во серијата, а госпоѓата Фериде и овојпат е решена по секоја цена да ја заштити честа на своето чедо.

Бидете гости на гламурозната свадба што ви ја подготвува телевизија Сител. Земете го шампањското во раце и наздравете за среќата на младите затоа што ништо потоа нема да биде исто.

Следуваат драматични епизоди кои ќе го променат текот на дејството затоа што токму по оваа свадба, гледачите во Србија, Босна и Турција останаа заковани пред тв екраните, а бестселерот по кој е работена серијата, изненадно почна да се продава како алва.

Девојката од прозорецот – од понедленик до петок во 22.30 часот, ексклузивно на Сител. Драмата само што започнува.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро … насмејте се од срце со новата серија од Македонија

Таму рано сонце изгрева Таму сонце касно заоѓа Кај што сѐ на среќа мириса, Мириса …

error: Содржината е заштитена!