Почетна / Филм / Бајрам на Телма со документарец за Ким Јонг Ун, нуклеарната династија

Бајрам на Телма со документарец за Ким Јонг Ун, нуклеарната династија

Во пресрет на 75-тиот роденден на Корејската народна армија, Ким Џонг-ун е решен да ја направи земјата водечка нуклеарна сила во светот. Отстранувајќи ја секоја можност за разоружување, напротив лидерот го зајакнува својот арсенал со тестирање на неговатo „ракетнo чудовиште“ Хвасонг-17. Никогаш не била толку силна севернокорејската нуклеарна закана.

Зошто таква опседнатост со нуклеарно оружје? Колку сериозно треба да ја сфатиме оваа нова закана? Дали Ким Џонг-ун е толку непредвидлив како што велиме и зошто се труди да ја испровоцира целата планета? Еве ги прашањата што ги поставува овој истражувачки документарец, со цел да се разбере што се случува северно од 38-та паралела, во деспотскиот свет на севернокорејскиот лидер.

Благодарение на архивите и необјавените интервјуа со историчари и политичари (од кои некои некогаш беа блиски до режимот), овој филм не води зад сцената на моќта. Со прецизност ги испитува стратегиите и геополитичките манипулации со кои веќе седум децении управува династијата Ким.

Петок, 21 април 2023 година, 19.15 часот, Телма телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британскиот хит „Slumdog Millionaire“ премиерно на МРТ 1

Петок (29 септември 2023), 21:05 часот, прв канал на МТВ „Милионер од гетото“ е приказна …

error: Содржината е заштитена!