Почетна / Телевизија / АВМУ: Телевизиите Телма и Алсат го прекршија изборниот молк

АВМУ: Телевизиите Телма и Алсат го прекршија изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека  при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот молк констатираше дека телевизија Телма и телевизија Алсат-М го прекршиле истиот објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник  во изборниот процес.

Согласно Изборниот законик, за време на изборниот молк, медиумите не смеат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, соопшти АВМУ.

Агенцијата најави дека ќе поднесе барања до надлежниот суд за покренување прекршочни постапки против двете телевизии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски цензуриран на Телма? Ова е постот што тој го објави

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи по повод откажувањето на неговото гостување …

error: Содржината е заштитена!