Почетна / Забава / Авалон жали : Пласибо, како и сите останати ја откажаа турнејата

Авалон жали : Пласибо, како и сите останати ја откажаа турнејата

Со жалење вe инфoрмираме дека концертот на PLACEBO во Скопје закажан за 25 јуни на АРМ Стадионот сепак нема да се случи, впрочем како и ниту еден концерт на PLACEBO во рамки на нивната турнеја за 2020-та година. Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември. Во оваа прилика Авалон Продукција им се заблагодарува на сите ticket keeper-и, не само за концертот на PLACEBO, туку и за сите други концерти коишто ги имаа закажано, а ги имаат прераспоредено со нови датуми, затоа што со овој ваш гест и` помагате на музичката лајв индустрија, која во моментиов не постои, што побрзо да се врати во живот – со жалење известуваат од Авалон продукција.

Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27-ми мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!