Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #032 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #032 | ARDIENTE PASIÓN


Магдалена се исплаши од зборовите на Вадо. Беше свесна колку е способен да уништи човечки живот и да ја исполни својата закана.

–          Разбери Вадо. Таквите подароци ја навредуваат мојата ќерка а мене ми нанесуваат болка. Зарем не ти е доста? Прво нареди да се уништи фасадата на мојот дом, па потоа и онаа срамна фарса во новините. Зошто сакаш да ме измачуваш толку?

–          Волкот го менува влакното но не и умот, Магдалена. Се сеќавам на деновите кога заработуваше пари нудејки телесни задоволства.

–          Не сега, не во оваа куќа! Ова е пристоен пансион на чесни жени. Колку и да сакаш да го извалкаш тоа, никогаш нема да ти појде од рака.

–          Јас сум Бог на твојот живот! Јас одлучувам кога ќе се смееш а кога ќе плачеш, – Вадо и се внесе во лице. – Јас сум твојот најголем кошмр и новиот господар во животот на твојата ќерка. Од твојата ќерка можам да направам курва, да направам да го повтори твоето минато, да талка од маж до маж и да го загуби здравиот памет, да остане скршена како тебе, Магдалена.

–          Не ме придеизвикувај, Вадо…

–          Проголтај ја својата гордост или ќе ти ја расипам ќерката! А ти ќе бидеш моја кога ќе посакам бидејки твоето тело гори за мене.

–          Излегувај одовде, изгуби се! Способна сум да ги извалкам своите раце со крв за тебе, Вадо!

–          Си одам само под еден услов. Твојата ќерка мора да се појави на забавата во мојата вила овој викенд. Во спортивно, знаеш на што сум способен.

Магдалена знаеше добро што значи ваквата закана.

 

По заминувањето на Вадо од пансионот, Магдалена си направи вода со шекер за да дојде при себе. Откако ја испи засладената вода за да дојде при себе, го запали кандилото пред девицата Кармен за да се помоли за безбедноста на Јулиса. Додека се молеше пред кандилото, слушна силно отварање на вратата и брзи чекори по подот. Појде да види за што се работи и ја забележа Кристела како со солзи во очите трча кон собата на катот.

–          Кристела, ќерко, што се случило?

–          Макрија, прегрни ме.

–          Мила, зошто солзи?

–          Му кажав на Лучо за моето минато. Дека работев како ескорт пред да дојдам во оваа куќа.

–          И што рече?

–          Не речи ништо. Цел пат од панаѓурот до тука не изусте ниту збор. Сега сум сигурна дека никогаш повеќе нема да го видам.

–          Смири се, мила. Твоето минато е товар кој што ќе го носиш вечно со себе. Погледни ме мене, јас сум пример. Но, Лучо е добро момче, воспитано. Твоето минато можеби му дошло како шок, но Лучо нема да ги  промени чувствата за тебе. Кристела, тоа момче ја обожава сенката зад тебе.

–          Не сум сигурна дека ќе ги има истите чувства после ова…

–          Јас сум сигурна, мила. Вака, утре е националниот ден на морнарицата. По тој повод, како што знаеш, секоја година имам штанд со лимонада во градот. Зошто не дојдеш со мене? Сигурна сум дека Лучо како поранешен морнар ќе биде таму. Ќе можете да поразговарате. Ајде, сега. Главата горе. Ќе видиш дека се ќе биде во ред.

Кристела цврсто ја прегрна Магдалена која ја сметаше за втора мајка. Нејзините зборови секогаш беа полни со утеха.

           

Јулиса не можеше да се фокусира на работата тој ден. Беше расеана и не можеше да престане да мисли на посетата кај Тристан и средбата со Дамијана. Ако некогаш постоеше надеж дека ќе бидат повторно заедно, сега беше сигурна дека никогаш поеќе нема да му се врати.

–          Јулиса, дали му ги предаде документите на Тристан сношти?, – ја праша Саломон кој штотуку излезе од лифтот.

–          Адвокату Алкантар, простете не ве забележав. Да, Тристан Фуего е известен дека треба да се врати назад на работа во рудникот. Сега извинете ме, имам многу работа.

Саломон зачудено гледаше во Јулиса. Ја немаше нејзината карактеристична љубезна насмевка.

 

Рано следното утро, Магдалена и Кристела заминаа на годишната парада на морнарицата во градот. Офицери и морнари од различни доби, пензионирани и активни се собираа на годишната парада во градот. Магдалена секоја година имаше штанд на парадата кае што продаваше свежа лимонада. Еден млад офицер пријде до штандот по чаша лимонада. Кристела љубезно му се насмевна. Беше помалку отустна бидејки со врвот на окото шараше наоколу за да не го види случајно Лучо.

–          Добар ден, убава госпоѓице, – ја поздрави младиот офицер.

–          Добар ден. Од каде сте?

–          Роден овде во Табаско, но на служба во Веракруз.

–          Во мојот роден град живее еден поранешен морнар кој до енодамна служеше за морнацрицата. Можеби го знаете.

–          Како се вика?, – ја праша офицерот.

–          Лучо Санс.

–          Лучо Санс?, – се изненади офицерот.

–          Значи го познавате?, – радосно праша Кристела. – Дали сте пријатели?

–          Не, не го пзонавам, – офицерот нагло стана посериозен. – Никогаш не сум чул за тоа име.

–          Штета. За миг помислив дека сте биле колеги. Отприлика сте на сити години, – тажно додаде Кристела. – Лучо е висок, црн, со светли очи…

–          Ви реков дека не го пзонавам. Имајте пријатен ден, госпоѓице,- нагло додаде офицерот, ја плати својата лимонада и се повлече во толпата која маршираше по улиците.

–          Кој беше тој?, – ја праша Магдалена.

–          Офицер од морнарица. Го прашав за Лучо но ми рече дека не го познава.

–          Морнарицата е голема, не се познаваат сите меѓу себе. Свежа лимонада повелете…

Кристела не беше толку сигурна дека офицерот не го познава Лучо. Не знаеше зошто но имаше нешто што ја натера да се посомнева.

 

Капричо и Енграсија никогаш претходно немаа дојдено во компанијата на Вадо Фалкон. Тоа претпладне одлучија да ја посетат својата пријателка Јулиса и да ја одведат на ручек. Бидејки Магдалена не беше во пансионот, тој ден мораа да јадат надвор.

–          Можеби ќе најдеме некој згоден млад директор кој ќе ни ги промени животите, – се пошегува Капричо кога двете влегоа во лифтот.

Кога излегоа од лифтот, на катот се сретнаа баш со човек каков што замислуваа дека ќе најдат. Млад, згоден и претставитален млад маж. Беше Антолин Варгас.

–          Повелете, кого барате?, – ги праша љубезно.

–          Ја бараме новата асистентка на управникот, Јулиса Ромеро, – објасни Енграсија.

–          Само да ја прашам секретарката, – рече Антолин и се одалечи од нив две.

–          Ова е најсовршениот маж кој сум го видела во животот. Ништо чудно што само вакви трчаат по Јулиса, кога е опркужена со убави мажи овде, – ликуваше Енграсија.

–          Секретарката ми кажа дека госпоѓице Јулиса заминала до рудникот да предаде некоја документација, – ги извести Антолин кога се врати до нив две.

–          Тогаш, можеме ли да ја почекаме овде?

–          Се плашам дека тоа е против полисата на компанијата, госпоѓице.

Енграсија знаеше дека ваква шанса се дава само еднаш во животот. И мораше да го искористи моментот. Одеднаш се најде на подот пред нозете на Антолин.

–          Енграсија, што ти е?, – исплашено извика Капричо.

Антолин и помогна да стане и на своите силни раце ја одведе до холот за странки каде што ја смести на една од кожените гарнитури.

–          Ми падна притисокот, – одговори Енграсија кога ги отвори очите. – Од топлната е.

–          Трансито, донеси газирана сода за госпоѓицата, – Антолин и нареди на секретарката.

Тогаш Капричо сфати дека нејзината пријателка ја исценирала таа ситуација.  Антолин појде по содата, кога Капричо и се внесе во лице на Енграсија.

–          Дали си нормална? Каква е оваа сцена? Сакаш ли да не исфралт одовде кога ќе ја откријат твојата лага?

Антолин се врати брзо назад со чаша сода. Капричо посегна по чашата кога случајно ја потури течноста по оделото на Антолин.

–          Капричо, дали си нормална?, – извика Енграсија.

–          Не грижете се господине, јас можам да ви го исчистам палтото, – се понуди Капричо.

–          Нма проблем. Секретарката ќе го однесе на хемиско. За среќа секогаш чувам резервно палто во автомобилот.

Трансито брзо заклучи дека сето ова е само претства на двете девојки, па иронично рече;

–          Мислам дека госпоѓицата е подобро сега.

–          Откако мојата пријателка го потури господинот, нагло ми се качи притисокот, – одговори Енграсија. – Господине, извинете што ви пречевме, веднаш ќе си одиме.

–          Јас инсистирам да го исчитам палтото, – упорна беше Капричо. – Сепак вината е моја и не си одам одовде без тоа палто.

 

Кога падна приквечерината, Магдалена и Кристела го собираа штандот со лимонада, кога до двете жени се врати офицерот.

–          Заборавивте нешто?, – го праша Кристела кога го здогледа.

–          Ве излажав, Кристела. Го познавам Лучо Саенз. Кажете ми каде е, морам да разговарам со него.

Кристела не очекуваше ваков развој на работите. Беше спремна да му одговори на офицерот, но се запраша што ако Лучо се налути? Дали Лучо сака да зборува со тој човек?

–          Извинете, но тоа не е моја работа, офицеру.

–          Имајте доверба во мене. Јас и Лучо бевме добри пријатели, – ја охрабруваше.

–          Не го кажавте тоа предмалку кога ве прашав за него. Зошто одеднаш се заинтересиравте за него? Кажете ми ја вистината.

–          Се изненадив кога слушнав дека Лучо Саенз живее овде. Го немам видено долго време.

–          Од каде да бидам сигурна дека сте пријатели?, – сомнителна беше девојката.

–          Како што ви кажав, заедно бевме во морнарицата. Во исто време бевме унапредени.

–          Но, вие сте дипломирале и сте продолжиле во службта, за разлика од Лучо.

–          Дали Лучо ви кажал што се случи?

–          Не, никогаш. Но во неговиот поглед има вечна болка и носталгија. Кога и да го прашам ми вели дека не сака да зборува за минатото. Кажете ми, офицеру, морам да знам што му се случило.

–          Не е мое да зборувам. Ако тој не сакал да каже никому, не е мое да зборувам. Жалам. Пријате ден, – офицерот ги поздрави дамите и се повлече од штандот.

–          Ах, Магдалена, – воздивна Кристела. – Само кога би ја знаеле тајната на Лучо.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …