Почетна / Забава / Авалон продукција : Ова е апел, потоа следи катанец само за Македонија

Авалон продукција : Ова е апел, потоа следи катанец само за Македонија

Најголемата и најурбана Авалон продукција со свој став за последните случувања во земјава. Во продолжение соопштението на Авалон кое ви го пренесуваме во целост :

“ДА СЕ ВРАТАТ КОНЦЕРТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА ЈУЛИ!!!

Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го изескивираме.
Страшно е и поради тоа е цела држава во паника што се има нула визија и минус нула реализација во тоа…
Што после него?

Како да се чувствувам јас да речеме?

Ние сме ги работеле во Белград:
Iron Maiden, Amy Winehouse, Simply Red и барем уште 30 концерти.
Авалон го донесе Bob Dylan во Белград.
И за прв пат… во градот во кој во 1970-те биле Miles Davis и Tina Turner… за прв пат ги донесе ZZ Top, Diana Krall итн…

Сега читам – концертите се вратија таму, EXIT продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту не прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот да речеме, за некој месец и пол.
Треба ли да ја преселам работата скроз таму?
Изминативе три години ја преселив скроз овде.
Еј… лани во Скопје беа: Sting, Lenny, Eros, Bryan Adams. Во една година!!!
Треба ли да ја преселам сега скроз таму?

Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, Авалон има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и дел од соработката со нас.
Имаме како Авалон визија како да го заживее Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август.

Овој пост е апел!
После него следи катанец.
Ама… само за Македонија.

Бобан Милошески
Авалон Продукција”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!