Почетна / МК Сцена / Видео | „Последната експедиција” повикува на „Охридско море”

Видео | „Последната експедиција” повикува на „Охридско море”

Новиот сингл на „Last Expedition” – „Одиме на Охридско море” е веќе во радискиот етер. Станува збор за четврти сингл на „Експедицијата”, кој го најавува нивниот четврти студиски албум, до крајот на 2020-та.

„Сакале – нејќеле ние полека дојдовме до пола албум. Сингловите ‘Hey Ho’, ‘Срце со себе’ и новата верзија на ‘Шефе’, снимена со пријателите & фановите го отворија патот за ‘Одиме на Охридско море’.Постојат песни кои се осмислени и треба да се снимат, па, реално е да се очекува нов албум на ‘Last Expedition’ до крајот на 2020-та година. Ова ќе биде првата наша студиска објава по цели 23 години, кога во 1997-ма беше објавен сега веќе култниот ‘Box’ – вели Енко, прв човек на „Експедицијата”.

За „Одиме на Охридско море” е реализирано lyrics видео.

  • Би било добро кога вредноста и важноста на песната, која е веќе хит во домашниот музички етер, би ја препознале и институциите и/ или спонзорите, и овој меинстрим бисер би ја добил заслужената визуелизација – велат од тимот на Last Expedition.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!