Почетна / МК Сцена / Концерт на Funk Shui во културно-едукативниот центар Лабораториум

Концерт на Funk Shui во културно-едукативниот центар Лабораториум

Funk Shui ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб, итн.), како и издавање на долгоочекуваниот албум “Никогаш Пак” на 31 Март 2023 кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот Културен Центар.

“По една година од издавањето на нивниот последен албум “Никогаш Пак”, Фанк Шуи со возбуда го најавуваат нивниот следен самостоен концерт во Скопје.

Концертот ќе се оддржи на 26 април на новата сцена во културно-едукативниот центар Лабораториум, со почеток во 21 часот.. Во Скопје има потреба од нешто ново и свежо што не е само уште еден центар за настани, бидејќи културно-образовниот дел од животот е многу повеќе од само настани. Лабораториум се труди да биде малку повеќе од културен центар и заедно со Фанк Шуи ви го најавуваат најголемиот музички настан до сега.

Билетите за концертот се во претпродажба од ПЕТОК (05.04) во 10 часот наутро, онлајн на www.ticketx.mk, како и во LAB Cafe.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Велигден е најубо во Битола со Каролина во Хотел Епинал

Препуштете се на едно вистинско музичко уживање заедно со Битолското чупе ексклузивно во Хотел Епинал. …

error: Содржината е заштитена!