Почетна / Телевизија / Арсова: Сител работи во интерес на здравјето на своите вработени

Арсова: Сител работи во интерес на здравјето на своите вработени

Уредничката на информативната програма на Сител – Славица Арсова, утрово преку фб статус апелираше да се зголеми бројот на државни тестови за да се спречи ширењето на заразата со Ковид-19.

Тестирањето не смее да биде привилегија. Арсова информираше дека во интерес на здравјето на вработенитe, Сител спроведува редовни тестирања за вработените, а новинарите и сите медиумски работници строго се држат до превентивните мерки.

Драги пријатели и колеги, ви благодарам за грижата во овие времиња на неизвесност и страв.
Сакам да знаете дека телевизија Сител редовно организира тестирања за Ковид 19 и при најмал сомнеж за контакт со заразен и на тој начин се прави обид за превенција на создавање кластери и ширење на заразата, што до сега, фала му на Бога, се покажа како успешна политика на куќата.
Во таа смисла и во изминатите денови се правени превентивни проверки на кои меѓу останатите тестирани колеги и јас имам добиено негативен резултат за Ковид 19. Во рамки на телевизијата се почитуваат буквално сите мерки, па дури и пред да бидат донесени како задолжителни – на пример маските беа правило уште во месец март кога СЗО па и нашата Комисија велеа дека треба да ги носат само заразени.

Во таа смисла сакам само да изразам надеж дека тестовите ќе станат достапни за сите и секој ќе може да се провери и при најмал сомнеж, дека мерките ќе се почитуваат во сите работни организации за да се спречи создавање кластери и дека медиумите ќе продолжат успешно како и досега не само да се грижат за своите новинари, сниматели и други медиумски работници, туку и да посочуваат на слабостите за да направиме подобар систем за справување со оваа закана. Јавно апелирам и од овде како што тоа го правам и преку вестите- мора да има повеќе тестови, тестови достапни за сите и мора да се почитуваат мерките за превенција. На сите кои водат борба со вирусот им посакувам брзо оздравување. Чувајте се!“, напиша Арсова.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спорт, забава, мода, технологија, вести и здравје во Телма подкаст

Следејќи ги светските трендови, Телма телевизија продолжува да изненадува. Наскоро дигитален простор за возбудлива комбинација …

error: Содржината е заштитена!